Утрински Весник
Магазин

(Видео) „Анатомија на падот“ ја освои „Златната палма“ во Кан

(Видео) „Анатомија на падот“ ја освои „Златната палма“ во Кан
Cevahir mall aerodrom pulsira vol 4 vfinal 300x300px baner

„Анатомија на падот“, судска драма во режија на француската режисерка Жастин Трие, ја освои „Златната палма“ на 76. Кански филмски фестивал.

dobivaj vesti na viber

Трие стана третата жена режисер која се закити со престижната награда на фестивалот во Кан. Психотрилерот Anatomy of a Fall раскажува приказна за успешна и модерна писателка обвинета за убиство на својот сопруг.

https://www.youtube.com/watch?v=VCG2xAx6Prc

Гран при доби филмот „Зона на интерес“ во режија на Британецот Џонатан Глејзер.

Филмот го реконструира семејниот живот на командантот на концентрациониот логор Аушвиц со цел да потсети на тезата за „баналноста на злото“. Застрашувачкиот поглед на идиличниот семеен живот на еден германски офицер стациониран во нацистичкиот логор на смртта е заснован на истоимениот роман на Мартин Амис, кој почина за време на фестивалот.

Почесна „Златна палма“ добија и Мајкл Даглас и Харисон Форд на почетокот на фестивалот.

Саботната церемонија на доделување награди го затвори годинешниот фестивал  на кој не му недостасуваше гламур, ѕвезди и контроверзи.

Можете да прочитате

Тиквата штити од канцерогени клетки и е рудник на хранливи материи

Секое трето дете во светот страда од миопија

Свадба во 2026? Ова се најдобрите датуми