Утрински Весник
Свет

(Видео) Американски научник седум дена заробен во турската пештера: спасувачката операција може да трае уште 12 дена

(Видео) Американски научник седум дена заробен во турската пештера: спасувачката операција може да трае уште 12 дена

Спасувачите од Европа пристигнаа во Турција за да почнат операција за спасување на американски истражувач кој е оддалечен речиси 1.000 метри од влезот на пештерата.

dobivaj vesti na viber

Искусниот американски спелеолог, Марк Дики, кој има 40 години, ненадејно се разболел додека бил на експедиција со уште неколку луѓе, меѓу кои и тројца Американци, во пештерата Морка во јужните планини Таур во Турција, соопшти Европската организација за спасување пештери.

Во спасувачката операција учествуваат спасувачки екипи од Бугарија, Хрватска, Унгарија, Италија, Полска и Турција, јавува Гласот на Америка.

Вернер Заглер, потпретседател на Европската организација за спасување пештери, вели дека засега мисијата се одвива успешно.

Фотографиите покажуваат дека Марк е во добра состојба, со оглед на крварењето во стомакот.

Заглер се надева дека неговото здравје и понатаму ќе биде добро за да го извлечат од таму.

Тој додава дека доколку се потребни носилки, тогаш тие треба да се носат низ тесни премини.

„Носилката со пациент е потешка отколку кога е празна, тоа е јасно, така што најголемиот предизвик е кога пациентот на носилка поминува низ тесни премини. Ако неговата здравствена состојба е стабилна, можеби постои можност сам да ги помине сите тие тесни премини и да не биде на носилки“, вели Заглер.

Тој додава дека тоа би го скратило времето, но ако тоа не е можно и Дики мора да биде на носилка, тогаш премините мора да се прошират со чекан и со пила, доколку е потребно и со мали експлозии, за да може пациентот на носилка да помине.

„Дополнително отежнува и длабочината на самата пештера која е повеќе од 1.000 метри“, вели Заглер.

Додава дека не знае точно кога ќе почне транспортот на Дики, но тоа треба да биде веднаш штом лекарите ќе одобрат.

Според Заглер, ако Дики е надвор од носилка, можеби ќе биде надвор за три или четири дена, но ако е на носилка, тоа може да потрае 12 или 14 дена.

Дики бил на експедиција чија цел била да го проучува системот на пештерата Морка, која е длабока 1.276 метри, но му се слошило на илјада метри.

Можете да прочитате

Два брода со мигранти се превртеа кај Мадагаскар, 25 лица загинаа

Обилни снежни врнежи во Турција – затворени училишта и спасени стотици граѓани

Хамнеи: Смртна казна за израелските лидери, не само апсење