Утрински Весник
Економија

(Видео) Американци бараат да се трансформира НАТО: Антивоен протест во Вашингтон

(Видео) Американци бараат да се трансформира НАТО: Антивоен протест во Вашингтон

Во Вашингтон се одржува антивоен протест наречен „Бес против воената машина“, а организаторите бараат мир во Украина и прекин на американската воена помош за Киев.

dobivaj vesti na viber

Протестот организиран од Слободарската партија и Народната партија се одржува пред споменикот на Линколн во Вашингтон.

„ Демократите и републиканците ја вооружија Украина со оружје и воена помош од десетици милијарди долари. Војната уби десетици илјади луѓе, расели милиони и не турка кон нуклеарна трета светска војна. Стоп за финансирањето на војната“, се наведува во прогласот на организаторите.

Тие додаваат во барањата дека САД „ја поттикнале војната во Украина со државен удар против демократски избраната влада во 2014 година и го саботирале мировниот договор меѓу Русија и Украина во март 2022 година“.

Како што додаваат, конфликтот во Украина „ја забрзал инфлацијата и цените на храната, горивото и енергијата“.

„Соединетите Американски Држави ги кренаа во воздух руските гасоводи кон Европа, кои ја лишија од енергија и ја деиндустријализираа“, велат организаторите.

Тие повикуваат и на раскинување на пактот за НАТО, бидејќи „неговото проширување кон границите на Русија предизвикало војна во Украина“.

Можете да прочитате

Голем интерес за субвенции за инвертер клима-уреди – рокот за аплицирање до 5 октомври

Власта нејќе да чуе за зголемување на минамалецот, Дурмиши вели така ќе се отпуштале работници

Тренчевска: Граѓаните едвај врзвуваат крај со крај, ќе прифатите ли зголемување на минималната плата на 500 евра?