Новак Ѓоковиќ имаше фантастичен почеток на денешното финале на Вимблдон против Шпанецот Карлос Алкараз, кој е 16 години помлад од него.
Првиот сет го доби со 6:1, сѐ изгледаше совршено, освен силниот ветер кој им правеше многу проблеми на играчите. Тоа дополнително почна да доаѓа до израз во вториот сет, во кој се разви вистинска борба.
Ѓоковиќ имаше сет поен во тај-брејкот, но потоа направи три грешки во низа и Алкараз успеа да израмни на 1:1 во сетови (6:7).
Петтиот гем од третиот сет беше неверојатен, а при водство на Алкараз со 3:1 во гемови. Новак Ѓоковиќ сервираше, имаше гем-топки за него, па потоа брејк-топки за Алкараз.
Шпанецот на крајот ја искористи седмата брејк-топка и го доби гемот по неверојатни 26 минути игра за водство од 4:1. Потоа и го комплетираше сетот со 6:1 во гемови. Србинот не пропушти да размени зборови и со судијата.
What is feels like to break Djokovic after a 26 MIN LONG game in the Wimbked9n final! Just incredible!#WimbledonFinal #Wimbeldon #alcaraz #Djokovic pic.twitter.com/ehrBdLCHZ0
— Umar Khan (@UmarKha71403634) July 16, 2023