Утрински Весник
Свет

(Видео) Активисти испрскаа слика на Клод Моне со пире од компири

(Видео) Активисти испрскаа слика на Клод Моне со пире од компири

По „Сончогледи“ на Ван Гог на кои климатските активисти истурија супа од домати пред десет дена, цел во неделата беше сликата „Стогови сено“ од Клод Моне изложена во германски музеј, која беше испрскана со пире од компири за да се предупреди на драматичните климатски промени.

dobivaj vesti na viber

„Ако е потребно да се фрли пире или супа од домати на сликата – за да се потсети општеството дека трката за фосилни горива не убива: Тогаш ќе фрлиме и пире на сликата“, велат активистите од движењето „Последна генерација“ и објавија видео од нивниот протестен чин.

Платното „Стогови сено“ на францускиот импресионистички сликар се наоѓа во музејот Барберини во Потсдам и е дел од колекцијата на милијардерот Хас Платнер.

Сликата беше купена на аукција во 2019 година за 111 милиони долари – рекорд за Моне – и е позајмена на музејот.

Облечени во црни и портокалови елеци, активистите фрлаа пире на сликата и зазедоа иста позиција како и активистите кои го направија тоа на 14 октомври во лондонската Национална галерија – клекнати, свртени со грбот кон сликата, секој од нив се залепи со едната рака на ѕид.

„Дали треба да фрлите пире на сликата за да не слушате? Оваа слика нема да вреди ништо ако треба да се бориме за храна“, рекол еден од нив пред да бидат приведени од полицијата.

Сликата е заштитена со стакло, велат од музејот, додавајќи дека според експертите, не е оштетена.

„Стоговите сено“ ќе бидат повторно изложени за посетителите од среда.

Ремек-делото на Ван Гог „Сончогледи“ беше полеана со доматен евс од двајца активисти кои ја повикале тогашната премиерка Лиз Трас да престане експлоатацијата на јаглеводородите во земјата.

„Сончогледите“ како што беше изјавено не се оштетени, а помали оштетувања се направени на рамката на сликата.

Можете да прочитате

Претседателот на Камерун, Пол Бија, на 92 години тргнува по осмиот мандат

Мал авион се урна на аеродромот во Лондон Саутенд, бројот на патници е непознат

Уште шест лица повредени во трката со бикови во Памплона