Утрински Весник
Скопје

(Видео) Јакимовски: Сотир, со попустите што ги нудиш во Систина правиш предизборен поткуп

480578025 1169613851217710 6839028062429728293 n.jpg
Cevahir mall aerodrom pulsira vol 4 vfinal 300x300px baner

Во утринското видео обраќање, градоначалникот на Карпош и кандидат за нов мандат, Стевчо Јакимовски се обрати до неговиот против кандидат Сотир Лукровски од ВМРО-ДПМНЕ.

Јакимовски се осврна на ветувањата на Лукровски за бесплатни прегледи во приватната болница Систина.


„Втор ден по ред ja рекламираш приватната болница Систина. Толку ли сте во паника? Тоа, прво не е коректно кон јавното здравство, второ, кон останатите приватни клиники и трето, со попустите што ги нудиш во моментов правиш предизборен поткуп, а за тоа веднаш треба да се позанимава Обвинителството“ рече Јакимовски.

Јакимовски и Лукровски во недела ќе се борат за функцијата градоначалник на Карпош. Јакимовски зад себе има четири мандати, а Лукровски до неодамна беше политичка непознаница во Скопје.

Можете да прочитате

Ѓорѓиевски: Влогот во образованието е влог во иднината

Додека Скопје се гуши од загаден воздух, врват криминални тендери, велат од СДСМ

Маглата го отежнува сообраќајот на Аеродром Скопје – откажани 20 летови