Утрински Весник
Македонија

(Видео) Јакимовски: Има индиции дека обезбедувачот на Мицкоски што сега е во притвор, заедно со други лица запалил четири камиони миксери за бетон

1707738049 unnamed file.jpeg
Cevahir mall aerodrom pulsira vol 4 vfinal 300x300px baner

На денешната седница на Советот на општина Карпош, градоначалникот Стевчо Јакимовски излезе со одредени информации дека вработениот во МВР кој викендов нападнал колега и кој истовремено беше обезбедување на Христијан Мицкоски, Ивица Б. учествувал во палање на имот на една приватна компанија.

„Со основи на сомневање зборувам дека овој сега што ви е во притвор, обезбедувањето на Христијан, кој го истепа нашиот советник, Александар, има индиции дека тој со другарите, преку Лепенц, му влегоа на човекот и му ги запалија бетонерките, четири миксери за бетон му запалија“ рече Јакимовски во реплика на советниците од редовите на ВМРО-ДПМНЕ.

Јакимовски посочи дека ВМРО-ДПМНЕ се осветува кон како што тој рече, не игра по нивни ноти, додавајќи дека тие закани него нема да го исплашат, а граѓаните ќе ја казнат ВМРО-ДПМНЕ.

Можете да прочитате

СДСМ: „Во Македонија – Резолуција. Во Третиот рајх – Декрет. Има ли разлика?“

Пуштена во употреба новата микробиолошка лабораторија за квалитет на „Aлкалоид“ 

Намалена видливост кај Ресен и Удово