Утрински Весник
Македонија

(Видео) Јакимовски: Чиста лага е дека ќе се градат пет згради на тоа место, такво нешто не постои во планот

(Видео) Јакимовски: Чиста лага е дека ќе се градат пет згради на тоа место, такво нешто не постои во планот

Градоначалникот на општина Карпош, Стевче Јакимовски утрово во обраќање на социјалните мрежи ги презентираше новините и измените во новиот ДУП за ЈО3 блок 2.

dobivaj vesti na viber

Јакимовски најостро ги демантира, како што вели, „лагите дека со новиот ДУП на таа локација е предвидено да се градат пет нови згради“.

„Чиста лага е дека ќе се градат пет згради на тоа место. Такво нешто не постои во планот. Не можам да се начудам до каде одат лагите и манипулациите на некои граѓани. Чиста лага е и дека нас ни текнало да нацртаме „аутострада“ со која ќе ги уништиме парковите, зеленилото, детски игралишта. Замислете, тие ме обвинуваат дека сакам да ги срушам фонтаната, игралиштето, клупите, зеленилото кои јас сум ги направил. Немојте да ги слушате тие што сакаат да ве лажат“, кажа Јакимовски.

Градоначалникот исто така презентираше три претходни ГУП-ови во кои се гледа дека во сите нив е планиран булеварот Теодосиј Гологанов и при тоа ги образложи, како што вели, позитивните измени во новиот ДУП.

-Булеварот Теодосиј Гологанов го проектирал Кензо Танге, и сите градоначалници наваму го следеле неговиот план. Во претходниот ГУП овој булевар беше предвиден со профил од 78 метри. По наше инсистирање кај тогашниот градоначалник Коце Трајановски во новиот ГУП од 2012 година профилот на булеварот беше намален на 60 метри. Со овој ДУП како позитивна промена исто така предвидени се три влеза и излеза во булеварот, за разлика од досега каде има само еден, потенцираше Јакимовски.

Можете да прочитате

Шукова: Четири години разочарувања, секоја улицa сведочи за неуспехот на ВМРО-ДПМНЕ во Скопје

ВМРО-ДПМНЕ: Кога нема пари и функции, Османи и Ахмети почнуваат да се кријат зад етничкото знаме

Од утре пратениците се враќаат на работните места