Утрински Весник
Македонија

(Видео) Аерозагадувањето е темата на новата епизода од подкастот ЗРАК со д-р Мариа

Whatsapp Image 2024 11 29 At 20.32.49 Dc8512bc.jpg

Во шестата епизода на емисијата „ЗРАК со д-р Марина“ тема е актуелниот проблем со загадувањето на воздухот во Скопје.

Гости на д-р Марина Вукашиновќе ќе бидат истакнати експерти и активисти кои активно работат на ова поле.

Ас. спец д-р Александра Татабитовска – асистент на Медицинскиот факултет при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје и генерален секретар на Македонското респираторно здружение. Таа е дел од тимот на ЈЗУ Универзитетска клиника за пулмологија и алергологија во Скопје, каде што активно учествува во дијагностика и третман на белодробни заболувања.

Потоа, Татјана Чакулев од „О2 Иницијатива“ – активистка која се залага за подобрување на квалитетот на воздухот и животната средина во Македонија и Јане Димевски од „Шанса за Центар“ – советник во Општина Центар и активист посветен на урбанистичкото планирање и заштитата на животната средина.

Во оваа епизода ќе дискутираат причините и последиците од загадувањето на воздухот, мерките што се преземаат за негово намалување, како и улогата на граѓанските иницијативи во борбата за почист воздух.

Емитувањето на шестата епизода е во недела (први декември) во 21.00 часот.

Можете да прочитате

Наместо во затвор – дома со електронска алка

Мајка на починато дете од Кочани за тајните средби со Мицкоски: Некрофилски ни забивте нож во грб и глодарски ни ги распарчувате скршените души

Мицкоски нема да поднесе кривична пријава за Османи за „продавање на македонскиот индентитет“