Додека пратеничката Благица Ласовска од ВМРО-ДПМНЕ бараше процедурално, претседателот на Комисијата за европски прашања Арбер Адеми го стави дневниот ред со законите за автопатиштата на гласање. Тој конаститираше дека точките за дискусија се усвоени, по што ја одложи седницата. Додека тој броеше, Ласовска викаше: „Процедурално, процедурално“.
„Девет пратеници ‘за’, против нема, воздржани нема. Констатирам дека дневниот ред е изгласан“, кажа Адеми.
Од место довикуваа пратениците од ВМРО-ДПМНЕ, меѓу кои Ласовска и Ели Панова, барајќи да дадат процедурални забелешки. Тие креваа раце, Ласовска стана, а Адеми ја одложи седницата
„Тука ја прекинуваме седницата, утре продолжуваме по првата точка од дневниот ред“, рече Адеми.
За секоја точка дискусијата трае по максимум два дена оти законите се со европско знаменце. На дневен ред се шест закони, за кои ако се дискутира по максимум одреденото време, тие ќе бидат гласани за 12 дена на седницатана Комисијата. Доколку пратениците не работат за време на викенд, процесот ќе трае околу 15 дена.
Потоа, законите се враќаат на пленарна седница, каде пратениците одново треба да ги дискутираат и гласаат.