Утрински Весник
Свет
300x250 opst2

(Видео) Ја ослободивме Старомајорска, велат Украинците

(Видео) Ја ослободивме Старомајорска, велат Украинците
300x250 opst2

Украинскиот претседател Володимир Зеленски објави видео на Твитер на кое се гледаат украинските војници кои велат дека повторно го освоиле селото Старомајорске.

dobivaj vesti na viber

„35-та бригада и доброволниот баталјон „Ареи“ го ослободија селото Старомајорска. Слава на Украина! Слава на хероите!“, велат војниците на видеото.

Старомајорска се наоѓа во крајниот западен дел на Доњецката област, јужно од група мали населби кои Украина веќе ги зазеде од почетокот на нејзината контраофанзива на почетокот на јуни. Веста дека украинските сили го ослободиле селото доаѓа само еден ден откако портпаролот на украинските вооружени сили Андриј Ковалев изјави дека нивните сили зазеле позиција во близина на селото.

Ковалев претходно денеска изјави дека постигнале одреден успех кај Старомајорска на јужниот фронт, зајакнувајќи ги позициите што претходно ги заземале. Тој додаде дека се водат тешки борби, а руските сили трпат загуби и ги повлекуваат резервите. Видеото од Старомајорска, геолокацирано од CNN, покажува дека руските војници навистина ги напуштаат своите позиции и се повлекуваат.

Можете да прочитате

Хорор во Шведска: 14 годишно момче рани шест лица

Хамас се согласи да ги ослободи сите израелски заложници согласно планот на Трамп

Уапсен руски милијардер поради серија убиства