Утрински Весник
Македонија

Вицепремиерот Стоиљковиќ за средбата Мицкоски-Курти: Приштинските власти континуирано вршат терор врз Србите

Ivan Stoilkovik.jpg

Рацин.мк денеска побара мислење и коменатар од заменик претседател на Владата и министер за односи меѓу заедниците Иван Стоиљковиќ.

Го замоливме за коментар за веста дека косовската полиција уапсила петмина Срби на Косово за наводми злосторства врз албанско население на што реагирала Канцеларијата на владата на Србија за Косово од каде што го обвинуваат премиерот на Косово дека врши терор над српското население.

До Стоиљковиќ упативме и прашање и за неговото мислење и за утрешната посета на косовскиот премиер Курти на Македонија и за средбата со премиерот Мицкоски кому ова ќе му биде прва средба со странски премиер во Скопје од преземањето на Владата.

Во продолжение во го пренесеуваме одговорот на вицепремиерот во Владата и министер за односи меѓу заедниците Иван Стоиљковиќ, во целост.

„Жално е и за секоја осуда избегнувањето на прашањата за пренесување на нетрпеливоста кон Србите во Македонија од страна на албанските медиуми и политичари и нормално дел од Вашите колеги чии колена сеуште се модри, иако веќе поминаа неколку месеци од падот на хунтата ДУИ-СДСМ. Молчите за говорот на омраза кон мене, цртањето на мета кон мене и српскиот народ во Македонија, а као заинтересирани сте за однесувањето на приштинските власти кои континуирано вршат терор врз Србите. Чудно, но очекувано!“

Можете да прочитате

(Фото/Видео) Километарски колони за влез во Македонија

СДСМ: Мицкоски, ако имаш докази повели објави ги

ВИДЕО: Нов голем пожар кај Македонски Брод, изгорени се и куќи