Камерите блеснаа додека ѕвездите од долгоочекуваното продолжение на Марвеловиот блокбастер „Црн Пантер: Ваканда засекогаш“ зачекорија на црвениот тепих на премиерата во Лондон.
Сместен во измислената африканска земја Ваканда, оригиналниот филм Black Panther стана глобален хит и беше поздравен како пресвртница за расната различност во Холивуд кога излезе во 2018 година.
Во продукција на „Марвел“, студиото во сопственост на „Дизни“, тој беше првиот филм за суперхерои со претежно афроамерикански актери.
За актерската екипа на Wakanda Forever, блокбастерот на „Марвел“ има позитивно влијание врз перцепциите за континентот.
„Прифаќањето на различноста на африканската култура резултираше во тоа што и други луѓе почнаа да ги прифаќаат своите автохтони култури“, рече кениската актерка Лупита Нионго, која ја глуми Накија, една од главните улоги.
„Ја славиме нашата култура, славиме од каде сме на начин кој е исклучително инклузивен“, додаде таа.
„Црниот Пантер“ беше филм со најголема заработка во 2018 година во САД и Канада, и втор во светски рамки, со 1.3 милијарди долари од продажба на билети.
„Ќе ми требаше тој филм кога бев дете бидејќи нема толку совршени примери за улоги“, рече Флоренс Касумба, која глуми во филмот, на премиерата во Лондон минатиот четврток.