Утрински Весник
Свет

Ѕвездите ги напуштаат домовите поради пожарот во Малибу: пожар ја пустоши областа на богатите во „градот на ангелите“

76886332007 Gty 2189177657.webp.webp

Поради големиот пожар кој брзо се шири во Малибу, богата енклава во Лос Анџелес, на бројни ѕвезди им е наредено да ги евакуираат своите домови.

Меѓу нив се актерот Дик Ван Дајк и пејачката Шер, објави „Би-би-си“, а свој имот на оваа област имаат и актерите Патрик Демпси, Мел Гибсон, Џулија Робертс, како и пејачите Бијонсе, Лејди Гага и Џеј Зи.


Според властите, пожарот избувнал во кањонот Малибу во понеделникот вечерта околу 22:50 часот по локално време, а веќе изгореле десетина куќи. Беше наредена задолжителна евакуација за поголемиот дел од Малибу.

Засега нема повредени во пожарот, но се уште не е ставен под контрола. Сè уште не е јасно што го предизвикало пожарот, но регионот бил под предупредување и било издадено црвено знаме, што значи дека условите се погодни за екстремни пожари.

Според последниот извештај на Калифорниското одделение за шумарство и заштита од пожари (Cal Fire), досега изгореле повеќе од 3.000 хектари земја.

Малибу е популарно место за познати личности. Ван Дијк беше меѓу ѕвездите кои мораа да ги напуштат своите домови, што тој го потврди со објава на Фејсбук.

Актерот од „Мери Попинс“, кој во петокот наполни 99 години, рече дека тој и неговата сопруга Арлин безбедно го напуштиле домот со своите миленици, освен мачката по име Бобо, која е исчезната.

„Се молиме да биде во ред и нашата заедница во Сера Ритрит да ги преживее овие страшни пожари“, рече тој.

Очевидци за KABC-TV изјавија дека соседната куќа до актерот била зафатена од пламен, но дека куќата на Ван Дијк останала недопрена. Поради пожарот таа област морала да ја напушти и пејачката Шер, пишува „Њујорк тајмс“.

Училиштата во областа беа затворени, патиштата беа блокирани, а струјата беше исклучена за да се спречи засилување на пожарот. Во меѓувреме се отворени центри за евакуација на жителите и животните. Повеќе од 5.000 луѓе беа во зоната на евакуација.

Снабдувањето со електрична енергија на голем дел од кампусот и околината се очекува да остане во прекин во „догледна иднина“, соопшти универзитетската управа.

Калифорнија е држава подложна на шумски пожари, а опожарените области се зголемија пет пати помеѓу 1996 и 2020 година во споредба со претходниот период од 24 години. Научниците ова го припишуваат на климатските промени, иако не сите шумски пожари можат автоматски да се поврзат директно со оваа причина.

Можете да прочитате

Ужас: Таткото и маќеата брутално ја убиле малата Сара – На телото пронајдени 70 повреди

Паднаа Фејсбук, Инстаграм и Ватсап – Корисниците ширум светот пријавуваат проблеми

Македонски државјани со оружје се заканувале на Романци во Велс – полицијата ги уапси