Утрински Весник
Спорт

Вестбрук прв играч во историјата на НБА со 200 трипл-дабл

20241120081842 Big 730x400 28.webp.webp
Dik 300x250 mk

Кошаркарот на Денвер Нагетс, Расел Вестбрук постигна 12 поени, 10 скока и 14 асистенции ноќеска на натпреварот со Мемфис на гостински терен.  Овој трипл-дабл беше 200-ти за 36-годишниот Американец во НБА. Тој стана првиот играч во историјата на лигата кој има вакво достигнување.

Во тековната сезона Вестбрук одигра 13 натпревари во НБА, со просек од 10,8 поени, 4,4 скока и 6 асистенции.

Инаку, Денвер го победи Мемфис со 122:110.

Со осум победи и пет порази, Денвер нагетс се наоѓа на 5. место во Западната конференција од НБА-лигата.

Можете да прочитате

Јамал, Дембеле и Салах номинирани за наградата „Најдобар“ на ФИФА

Ѓоковиќ го победи Борхес и се пласираше во полуфиналето на турнирот во Атина

Милевски повика 28 фудбалери за средбите со Летонија и со Велс