Утрински Весник
Магазин
300x250 opst2

Вештачката интелигенција ги враќа филмските ѕвезди од мртвите

Вештачката интелигенција ги враќа филмските ѕвезди од мртвите
Img 7972

Џејмс Дин може да воскресне за нов филм, неколку децении по неговата смрт.

dobivaj vesti na viber

Повеќето актери сонуваат да градат кариера која ќе се памети долго по нивната смрт. Малкумина успеваат – шоубизот може да биде незгодно место за успех. Сепак, оние кои ќе успеат можат да постигнат своевидна бесмртност на филмското платно, пишува Би-би-си.

Една таква икона е актерот Џејмс Дин, кој загина во сообраќајна несреќа во 1955 година, откако глумеше во само три филма. Но, сите три беа хитови. Сепак, речиси седум децении по неговата смрт, Дин е избран за улога на ѕвезда во нов филм насловен Back to Eden („Враќање во Еден“).

Дигитален клон на актерот – создаден со помош на вештачка интелигенција слична на онаа што се користи за генерирање на длабоки фејкови – ќе оди, ќе зборува и ќе комуницира на екранот со другите актери во филмот. Оваа технологија е врв на холивудските компјутерски генерирани слики (CGI).

Дигиталното клонирање на Џемс Дин, исто така, претставува значително притискање до границите на можното. Не само што неговиот аватар ќе глуми во Return to Eden и серија последователни филмови, туку тој ќе комуницира и со публиката на интерактивни платформи вклучувајќи проширена реалност, виртуелна реалност и игри.

Технологијата оди многу подалеку од пасивната дигитална реконструкција или ‘дипфејк’ технологијата. Ова ги зголемува шансите актерите – или кој било друг – да постигнат некаква бесмртност која инаку би била невозможна, со кариери кои траат долго по завршувањето на нивните животи.

Но, напредната технологија ги загрижи актерите и сценаристите, кои започнаа штрајк во Холивуд зпрвпат по 43 години. Стравуваат дека ќе бидат заменети со алгоритми на вештачка интелигенција (AI) и тврдат дека креативноста ќе биде жртвувана за профит.

Можете да прочитате

Едноставна вежба открива многу: ако можете да ја направите по 45-годишна возраст вие сте во одлична форма

Пет навики што покажуваат дали сте на вистинскиот пат како родител

Дали „бјути слип“ е само мит или навистина треба да си легнуваме на време