Утрински Весник
Македонија

„Верувам во Господ”, рече избраниот Сашко Георгиев за кого се собираше мнозинство за да е претседател на Судски совет

„Верувам во Господ”, рече избраниот Сашко Георгиев за кого се собираше мнозинство за да е претседател на Судски совет
Cevahir mall aerodrom pulsira vol 4 vfinal 300x300px baner

Сашко Георгиев е избран за нов претседател на Судскиот совет.

dobivaj vesti na viber

Како што претходно се шпекулираше Георгиев го зазема местото на разрешената Весна Дамева, откако попладнево беше избран со 8 гласа „ЗА“ и 4 „против“.

Заменик претседателот на судскиот совет Селим Адеми констатираше дека има мнозинство гласови со кое го назначи на функцијата.

По изборот, Георгиев кажа дека е верник.

„Верувам во Господ, верувам во себе, во Вас, во сите колеги“, рече Георгиев.

Ова доаѓа по неколку дневно препукување, откако седнициците се одложуваа оти немаше мнозинство.

Можете да прочитате

Пуштена во употреба новата микробиолошка лабораторија за квалитет на „Aлкалоид“ 

Намалена видливост кај Ресен и Удово

Поради недостиг на мазут, ЕСМ бара прогласување кризна состојба со струјата