Утрински Весник
Македонија

Вероника Бучковска е именувана за в.д. директорка на Агенцијата за филм, одлучи Владата

Veronika Buckovska.jpg

Вероника Бучковска е именувана за в.д. директорка на Агенцијата за филм, одлучи Владата. Таа доаѓа на местото на Даниела Станковска-Плачковска, која неодамна поднесе оставка од функцијата.

Вероника Бучковска е дел од Секторот за филмска дејност и меѓународна соработка при Агенцијата за филм на Р.С. Македонија од 2011 година, задолжена за промоција на македонската филмска продукција на локално и меѓународно ниво како и за следење на реализацијата на филмските фестивали.


Има долгогодишно работно искуство во организирање и учество на настани од различни формати, со национален и меѓународен карактер, од типот на меѓународни конференции и фестивали, еднодневни обуки/работилници и сл. Активно учествува во организацијата/коорганизацијата на: EAVE Producer’s Workshop, Giffoni Film Days, Giffoni Macedonia, работилницата SNOWE-Women in Film, Генерално собрание на Одборот на директори на Eurimages – Северна Македонија, MakeCoProDox форум, Les-Is-More работилница за сценарија, First Cut Lab Balkans, фестивалски и индустриски програми со фокус на македонската и регионалната филмска продукција во рамки на бројни филмски фестивали, и голем број настани ориентирани кон младата публика и иницијативи за филмско образование. Учествува во подготовка и реализација на сите публикации и брошури кои се однесуваат на промоција на филмската дејност (брошурата „Факти и бројки“ – 2019-2022 и годишен каталог на македонска филмска продукција – 2012-2023 г.).

Вероника Бучковска е национален претставник во Европската аудиовизуелна опсерваторија (European Audiovisual Observatory) и мрежата Европска филмска промоција (European Film Promotion), членка на мрежата на SEE (South-East European) Cinema Network, член на Мрежата на Европски филмски комисии (EUFCN- European Film Commissions Network), член на Creative Europe MEDIA Committee и член на Balkan network group.

Можете да прочитате

Наводна порака за помош од убиената Росица од Велес до министерот Тошковски

Министерот за здравство лично им се извинил на вработените во пералната на Клиничкиот центар

Семјеството на Теодора Ристовска реагира: „Кога убиецот шета слободен, целата нација е жртва“