Утрински Весник
Свет

Верешчук: Ги повикувам сите цивили веднаш да го напуштат Бахмут

Верешчук: Ги повикувам сите цивили веднаш да го напуштат Бахмут

Вицепремиерката на Украина и министерка за реинтеграција на привремено окупираните територии, Ирина Верешчук, денеска ги повика цивилите веднаш да го евакуираат Бахмут.

dobivaj vesti na viber

„Апелирам до цивилите кои сѐ уште се во Бахмут… мора веднаш да се евакуирате“, напиша таа на својот канал на „Телеграм“.

Според неа, во градот останале 6.000 цивили, пренесува ТАСС.

Украина вчера ги евакуира архивите од локалните државни институции во Бахмут. Руските сили успеаја да пресечат три од четирите патишта што украинската армија ги користи во градот за транспорт на засилување и муниција, јави ТАСС.

Жестоки борби меѓу руските и украинските сили се водат околу Бахмут, во областа Донецк, во источна Украина, а градот е важен сообраќаен центар.

Можете да прочитате

Гутереш: Мојата порака до Иран е да престане да ги напаѓа своите соседи

Лондон и Париз организираат состанок за безбедноста на Ормуска Теснина

Руски дрон удрил во електрана во Естонија