Утрински Весник
Спорт

Верати си заминува од ПСЖ?

Верати си заминува од ПСЖ?

Италијанскиот интернационалец Марко Верати размислува да го напушти францускиот шампион Пари Сен Жермен на крајот на сезоната, бидејќи е незадоволен од ситуацијата во клубот, пренесува „Калчомеркато“.

dobivaj vesti na viber

Верати израсна во Пескара, а од 2012 година е член на ПСЖ. Тој има договор со францускиот првал до 30 јуни 2026 година.

Медиумите на Апенините пренесуваат дека Верати бил цел на критики од навивачите по елиминацијата на „светците“ во осминафиналето на Лигата на шампионите од Баерн.

Италијанскиот фудбалер ги одигра двата натпревари против Баерн, кои германскиот клуб ги доби со вкупен резултат од 3:0.

Тензиите во ПСЖ се зголемија откако шампионот на Франција беше елиминиран од Лигата на шампионите, а бројни играчи беа жестоки критикувани, меѓу кои и Верати.

На италијанскиот фудбалер му пречат критиките, бидејќи смета дека на секој натпревар го дава максимумот. Тој размислува да го напушти клубот на крајот на сезоната, но ПСЖ нема намера да го продаде италијанскиот играч за врска.

Челниците на Јувентус го следат развојот на ситуацијата о сакаат да го видат Верати во Торино, пренесува „Калчомеркато“.

Можете да прочитате

Белингем прогласен за најдобар играч минатата сезона во Примера од страна на Здружението на фудбалери на Шпанија

Дебакл на Јокиќ и Нагетс среде Денвер

Македонските фудбалерки до 19 години ќе играат квалификациски турнир во Португалија