Утрински Весник
Свет

Венс: Војната во Украина нема брзо да заврши

Vens.webp.webp
Dik 300x250 mk

Потпретседателот на САД, Џеј Ди Венс, изјави дека крајот на војната во Украина не е на повидок, иако двете страни сега јасно ги знаат условите една на друга за можна мировна спогодба.

– Сега се е во рацете на Русите и Украинците. Тие знаат какви се условите за мир и на нив е да постигнат договор, рече Венс во интервју за „Фокс њуз“, додавајќи: „Но оваа брутална војна нема да заврши брзо“.


Венс, исто така, изјави дека одговорот на Индија за нападот во Кашмир треба да биде изведен внимателно за да не се прошири конфликтот во регионот.

Тој додаде дека САД се надеваат дека Пакистан ќе соработува со Индија во борбата против терористичките групи кои делуваат од пакистанска територија.

Можете да прочитате

Зеленски за ситуацијата на фронтот: Разберете колку ни е тешко

Едно лице повредено при делумно уривање на средновековна кула во Рим

Орбан: Финансирањето на Украина не е работа на Унгарија