Утрински Весник
Свет

Венецуела го отфрли како апсурден планот на САД за прогласување на „Картел де лос Солес“ за терористичка организација

20251124190606 big 730x400 27.webp.webp

Венецуелската влада денеска го отфрли планот на САД за прогласување на нарко картелот „Картел де лос Солес“, што, според официјален Каракас, веќе не постои, за терористичка организација, нарекувајќи го планот на Вашингтон „апсурден“, објавија британските медиуми.

Американскиот државен секретар, Марко Рубио, неодамна изјави дека Стејт департментот ќе го додаде споменатиот нарко-картел „Картел де лос Солес“ на списокот на „странски терористички организации“. Американските претставници го обвинија „Картел де лос Солес“ за соработка со транснационалната криминална организација „Трен де Арагва“ преку која испраќа дрога во САД.

Администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп го обвини венецуелскиот претседател Николас Мадуро дека е лидер на „Картел де лос Солес“.

Британските медиуми пренесуваат дека Мадуро и неговата влада постојано негираат каква било вмешаност во криминали од таков карактер и дека ги обвинуваат САД за барање начин за промена на режимот во Каракас за да ги контролираат огромните нафтени резерви на Венецуела.

Одлуката за прогласување на „Картел де лос Солес“ за странска терористичка организација се очекува Вашингтон официјално да ја донесе денеска поради неговата наводна улога во трговијата со дрога во САД.

Можете да прочитате

Трамп: Имав многу добар разговор со Си Џинпинг

Пуштена во продажба книгата „Итака“ на поранешниот грчки премиер Ципрас

Мнозинството Американци се против воена акција во Венецуела