Утрински Весник
Македонија

Велковски: Во Македонија сeкое дете ќе добие Европска детска гаранција 

Photo 2024 05 15 13 49 23.jpg

Министерот за труд и социјална политика Ѓоко Велковски денеска на Меѓународниот ден на семејството порача дека семејството е темелот на денешницата, децата се создаваат од семејната средина, а токму од таму се гради идниот свет.

На секое дете мора да му се гарантира заштита и да му обезбедиме достоинствен раст и развој.

,,Голем број на деца во нашата држава живеат во сиромаштија, исклучени од системите на заштита и лишени од многу права. Други пак деца остануваат без биолошките семејства. Нивното место е да продолжат да живеат во семејство и тоа со помош и поддршка на згрижувачи, затоа што тоа е најблиска форма до семејната”, изјави Велковски.

Според него, парите за згрижувачите не треба да бидат мотив да се стане згрижувач, туку тоа треба да биде љубовта и прифаќањето.

Токму денес на Меѓународниот ден на семејството, министерот Велковски  посети згрижувачко семејство во општина Чаир, каде што се згрижени дури 5 деца.

,,Секоја чест за ваквите примери. Токму од ова семејство ќе пораснат здрави индивидуи кои ќе градат здраво општество. Се радувам кога ќе видам како вложувањето во децата на крај се исплати”,  рече министерот Велковски.

Тој најави градење на политика за воведување на Европска детска гаранција со цел да се обезбеди секое дете да има пристап до квалитетни услуги.

Можете да прочитате

Минчев: Имаме преголема и пребавна јавна администрација, работиме на нејзино кратење

Кичево – Охрид ќе биде завршен до крајот на 2026 година, ветува Николоски

ВО МАКЕДОНИЈА ДОАЃА ГОЛЕМ ВЛАЖЕН И ЛАДЕН ЦИКЛОН: Ќе донесе многу дожд, снег и снежна покривка од над 40 сантиметри!