Велика Британија воведе санкции за 12 руски воени команданти, за кои вели дека се вклучени во ракетни напади врз украински градови, како и ирански бизнисмени, кои ги обвинува дека се вклучени во производството и снабдувањето на воени беспилотни летала користени во руските напади во Украина, пренесуваат медиумите во регионот.
„Пресметаните напади на руските сили врз градови и невини цивили во Украина нема да останат без одговор“, изјави британскиот министер за надворешни работи Џејмс Клеверли, пренесе Ројтерс.
Додаде дека иранскиот режим е сè поизолиран и соочен со заглушувачките повици за промени од сопствениот народ и прави, како што рече, „валкани договори со (рускиот претседател Путин) во очајнички обид да преживее“.
Велика Британија тврди, повикувајќи се на американско разузнавање, дека беспилотните летала од Иран одиграле централна улога во нападите врз цивилите во Украина.
Техеран и Москва ги отфрлија западните обвинувања дека Русија користи ирански беспилотни летала за да напаѓа цели во Украина.