Утрински Весник
Свет

Велика Британија се соочува со гасна криза

5631070 shutterstock 2354941861 ls e1772365209979.jpg

Во Велика Британија резервите за гас паднале на ниво доволно за само ден и пол до два дена потрошувачка. Според податоците на операторот „Нешнл гас“, резервите се намалиле од околу 18.000 гигават-часови минатата година на околу 6.700 гигават-часови, што е доволно за многу краток период. Во останатиот дел од Европа има резерви за неколку недели. Поради малите резерви, Велика Британија моментално плаќа највисоки велепродажни цени на гас во Европа, бидејќи мора да нуди повисоки цени за да обезбеди снабдување.

Експертите предупредуваат дека кризата на Блискиот Исток може дополнително да ги зголеми цените на енергенсите. Според „Голдман Сакс“, цената на нафтата може да надмине 100 долари за барел доколку конфликтот не се смири. Економисти предупредуваат дека британските домаќинства би можеле да бидат погодени од повеќе страни – повисоки сметки за енергија, потенцијално повисоки каматни стапки и поскапување на стоки и услуги.


Проблемот е и во ограничените складишни капацитети, кои денес изнесуваат само околу 18 проценти од поранешното ниво. Затоа Британија се потпира на увоз на течен природен гас, главно од САД, како и на гас од Норвешка. Операторот „Нешнл гас“ предупреди дека за стабилна енергетска сигурност на земјата ќе ѝ бидат потребни нови складишта за гас, особено поради падот на производството во Северното Море. Британското Министерство за енергетска безбедност соопшти дека верува дека снабдувањето е сигурно и дека се работи на зајакнување на системот.

Можете да прочитате

Ердоган: Нашата главна цел е да ја држиме Турција подалеку од овој конфликт

Аксиос: САД се загрижени поради нападите на Израел врз магацините со гориво во Иран

Унгарската партија ФИДЕС поднесе предлог-закон за задржување на конфискуваните украински пари и злато