Во сите православни храмови во земјава на полноќ и утрово се одржаа воскресенски литургии по повод најголемиот христијански празник Велигден – Христовото воскресение, ден кога Исус Христос ја докажал својата божествена моќ и воскреснал од мртвите.
На Велигден со посебна духовност зрачи Бигорскиот манастир, каде синоќа голем број верници присуствуваа на Велигденската богослужба.
Воскресението Христово беше објавено на полноќ со биење на камбаните во сите храмови на Македонската православна црква-Охридска Архиепископија.
Оваа година за првпат директно од Ерусалим беше донесен и светиот Благодатниот оган од Базиликата на Светиот Гроб во Ерусалим.