Утрински Весник
Македонија
300x250 opst2

Велешкото езеро екстремно загадено, забрането е капење

1280px veleshko ezero 4.jpg
Dik 300x250 mk

Водата во Езерото Младост познато и како „Велешко езеро“ не е безбедна за капење и рекреативни активности, предупредуваат здравствените власти. Граѓаните се советуваат да избегнуваат контакт со водата сè додека не се добијат дополнителни резултати од стручни испитувања.

Според информации добиени од Центарот за јавно здравје, во езерото е забележан сериозен еколошки дисбаланс. Видлива е значителна појава на алги, формирање густа жолто-кафеава пена, како и масивни наслаги од слузеста и сунѓереста материја долж крајбрежјето – индикации што упатуваат на можно присуство на цијанобактерии, познати и како „сини-зелени алги“. Овие микроорганизми имаат способност да продуцираат токсични супстанции (цијанотоксини) кои можат да влијаат штетно врз здравјето на луѓето.


Дополнително загрижува фактот што лабораториските анализи покажале присуство на амонијак во количини петкратно повисоки од дозволеното, што укажува на сериозно загадување, веројатно како резултат на испуштање на отпадни води или органски материи.

Поради потенцијалните ризици по здравјето, особено за деца, лица со осетлива кожа и хронични болести, експертите апелираат да не се користи езерото за капење додека не се утврди безбедноста на водата.

Очекувањата од надлежните институции се да реагираат итно, да спроведат подетални анализи и да преземат мерки за санација на состојбата

Можете да прочитате

Филипче: На изборите се враќа силата на народот, се враќа СДСМ

Реставрираното и конзервирано издание на „Пчињското изборно евангелие“ од 16 век вратено во библиотеката во Охрид

Филипче: Реформската агенда е единствениот начин да почне да се враќа довербата во судството