Општина Велес набави две електрични возила произведени од БРАКО за одржување хигиена на градските улици.
Стручните лица од нашата фабрика ги предадоа возилата и извршија обука на лицата кои ги презедоа и ќе работат со нив
Горди сме нашата компанија имаше најдобра понуда и по квалитет и по цена и што брендот на БРАКО, Грин Машинс, ќе придонесува за почист Велес.
Возилата кои ги произведуваме се со највисок квалитет, најповолна цена, и со најбрз обезбеден сервис и делови.
Електричниот модел од серијата 400 е целосно развиен од тимот на инженери во БРАКО, а во него е вграден најмодерниот систем кој максимално ги намалува штетни честички и прашина при чистење на коловозите и пешачките патеки.
Овој модел на возило БРАКО го продава во над 50 земји од светот.
ПР-текст