Утрински Весник
Македонија

Велешанец со измама останал без 18.000 денари

Велешанец со измама останал без 18.000 денари

На 05.12.2022 околу 19.00 часот во Полициската станица Велес, 53-годишен жител од Велес пријавил дека бил измамен од едно лице за сума од 18.000 денари.

dobivaj vesti na viber

Според пријавеното, лицето му се јавило и побарало од него да му организира превоз на возило од Росоман, поради наводно случена сообраќајна незгода.

Исто така, според пријавеното, откако се договориле, лицето повторно му се јавило и побарало од него на такси возач од Кавадарци да му даде 18.000 денари, кои биле потребни за лекување на лице наводно повредено во сообраќајната незгода.

Како што е пријавено, откако ги дал парите, отишол на местото и повеќе пати го барал лицето, но тоа не му одговорило на повиците, по што сфатил дека е измамен.

Се работи на расчистување на случајот.

Можете да прочитате

(Фото-Видео) Скопје во чад и мирис на пластика

Бети Стаменковска кандидат на ВМРО-ДПМНЕ за градоначалник на Кисела Вода, во Кочани ќе го поддржат Влатко Грозданов

Македонец лежи затвор за учество во војната во Украина – РСЕ го посети во „Идризово“