Утрински Весник
Македонија

Велес станува седмиот град со ЛИДЛ маркет во Македонија

Img 9157.jpeg
Cevahir mall aerodrom pulsira vol 4 vfinal 300x300px baner

Градоначалникот на Велес, Марко Колев, објави дека светски познатиот синџир маркети ЛИДЛ ќе отвори маркет и во Велес, со што овој град станува седмиот во Македонија каде што е најавена инвестиција на овој бренд.

„Изминатава година напорно работевме за завршување на сите потребни административни процедури, кои денес завршија со усвојување на седницата на Советот на Општина Велес. Ова ќе овозможи ЛИДЛ да ја реализира својата инвестиција кај нас. Овој проект ќе донесе нови вработувања и ќе придонесе за зајакнување на локалната економија. Продолжуваме посветено!“, соопшти градоначалникот Колев на својот профил на Фејсбук.


Покрај Велес, ЛИДЛ досега официјално купи парцели во Кавадарци, Битола, Штип, Гази Баба (Скопје), Тетово и Кичево. Оваа инвестиција ќе ја зголеми достапноста на светскиот синџир маркети за граѓаните низ целата земја.

Можете да прочитате

Татко и син од гевгелиско заедно дилале – осомничени за илегална трговија со марихуана

АХВ: Уништени се над 22 тони киви од увоз

СДСМ: Нема пари за мерки против загаден воздух – има за криминални тендери