Утрински Весник
Македонија

Ведро и посвежо утринава, преку ден сончево

Vreme 3.webp.webp

Времето утрово е ведро и посвежо, а преку денот ќе биде сончево. Ќе дува слаб до умерен, наместа долж Повардарието повремено засилен северен ветер (над 60 km/h), соопшти Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР).

Минималната температура ќе биде во интервал од 4 до 15, а максималната ќе достигне од 20 до 28 степени.


Во Скопје времето ќе биде сончево. Ќе дува умерен, во делови од котлината повремено засилен северен ветер. Минималната температура ќе се спушти до 11, а максималната ќе достигне до 26 степени.

Во наредните денови следува период на сончево време со посвежи утра, а дневната температура ќе биде во постепен пораст. Особено топло ќе биде во деновите од викендот и во почетокот на следната седмица, информираат од УХМР. 

Можете да прочитате

МНТ со претставата „Ничија земја“ ќе го отвори новиот европски фестивал „Acting Europe“ – Театар без граници“ во Ќустендил

Почнува кампањата „Катастар до тебе“

ВЛЕН: ДУИ партнер на Левица, за власт ги гази Албанците