Утрински Весник
Македонија

Вечерва успешно извлечено 16-годишно девојче од увала во Струмичко со повреди на главата

Img 9739.jpeg

Центарот за управување со кризи вечерва информира за успешна акција за извлекување 16-годишно девојче кое паднало во увала во Струмичко во близина на манастирот „Свети Илија“, кое имало повреди на главата.

Девојчето е пронајдено и зивлечено и во моментот е на лекување во струмичката болница.

Како што сооптија од ЦУК, вечерва околу 20.30 часот на 112 е добиен повик од возрасна жена која известила дека нејзината ќерка е падната во увала во близина на манастирот „Свети Илија“ над Струмица, но не ја знае точната локација. Воедно, мајката рекла дека ќерката има повреди на главата.

Операторите од 112 ја смириле вознемирената мајка, при што побарале дополнителни информации за утврдување на точната локација.

Девојчето се јавило на 112 исплашено и вознемерино, но не знаела точно да ја објасни локацијата. Операторите од 112 преку системот ја утврдиле точната локација, а оперативците од Секторот за операции и координација од ЦУК итно ги известиле СВР Струмица, ТППЕ Струмица и Итната медицинска помош од Струмица.

Сите екипи веднаш излегле на терен, ја пребарале посочената локација и со викање оствариле  контакт со повреденото и исплашено девојче, по што ја нашле.

На девојчето му се укажува помош во струмичката болница.

Можете да прочитате

ВРЕДИ – КУМАНОВО: АЛБАНЦИТЕ ГИ ПАМЕТАТ ЦРНИЛАТА НА ДУИ

Двајца штипјани пазареле откако искористиле туѓа трансакциска сметка

Претседателката Сиљановска Давкова се сретна со генералниот секретар на Советот на Европа, Алан Берсе