Утрински Весник
Македонија

Вечерва тешко проодни патишта и заглавени возила низ Македонија

Strazasnegsoobrakaj.jpg

По добиени информации од регионалните центри, како тешко проодни се евидентирани патните правци: Скопје – Тетово, Тетово – Гостивар, Маврово – Дебар, Кичево – Охрид, како и патниот правец Козјак – Скопје, како и повеќе регионални патишта во западниот дел на државата, информираат од Центарот за управување со кризи.

На единствениот повикувачки број за итни случаи 112 се пријавени повеќе случаи на заглавени возила, како и едно излетување од пат.

Центарот за управување со кризи ги повикува граѓаните да постапуваат одговорно и внимателно и да ги следат препораките на надлежните служби, а за навремена помош и пријава на опасности или итни ситуации да го користат единствениот број за итни повици 112.

Можете да прочитате

Битиќи: Нема да има недостиг на енергенси, но ценовниот удар е неизбежен

Битиќи: Буџетот не е во добра кондиција, дел од расходите се само одложени

Ранѓеловиќ: Македонија треба да биде повнимателна во новиот мултиполарен свет