Утрински Весник
Македонија

Вечерва тешка сообраќајка несреќа на истото место каде што загина Фросина 

Img 9598.jpeg
Dik 300x250 mk

Вечерва на булеварот „Партизански одреди“ во Скопје се случи тешка сообраќајна несреќа, во непосредна близина на местото каде што минатата година трагично загина младата Фросина Кулакова.

Според информациите објавени од Фактор, во несреќата учествувале три возила – „Голф“, „Мерцедес“ и „БМВ“, кои по силниот удар се извртеле на коловозот. Сведоци на настанот испратиле фотографии до редакцијата, на кои се гледа голема материјална штета на возилата.


Засега нема информации за повредени лица, а причините за несреќата се уште се утврдуваат. Според првичните сведоштва, до судирот најверојатно дошло поради неприлагодена брзина на возачите.

Полицијата извршува увид на местото на несреќата, по чиј завршеток се очекуваат повеќе детали.

Можете да прочитате

Пријавен поткуп за време на изборниот молк – градоначалник и две лица фатени на лице место

Гласовите на болните и изнемоштени не се бројат и објавуваат денес, објави ДИК

ДИК отфрли четири приговори и прифати еден за заштита на лично избирачко правo