Утрински Весник
Македонија

Вечерва тешка сообраќајка кај Табановце, едно лице загина

Img 8048
Cevahir mall aerodrom pulsira vol 4 vfinal 300x300px baner

Едно лице загина, а три се повредени во сообраќајна несреќа што се случи вечерва на автопатот Куманово-Табановце.

– Во 20:30 часот во СВР Куманово е пријавена сообраќајна несреќа на автопат Куманово-Табановце во која учествувале три возила ,,голф”, ,,поло” и ,,бмв”.

Едно лице починало на местото на настанот, а три лица се здобиле со повреди и се пренесени во болницата во Куманово. Во тек е увид, информираа од СВР Куманово.

Од Итната медицинска помош во Куманово информираа дека едно од повредените лица поради сериозноста на повредите е пратено на скопските клиники, а останатите две лица се задржани во Општата болница Куманово.

СВР Куманово најавува повеќе детали во текот на утрешниот ден. .

Можете да прочитате

Мицоски: За мене Македонија е свето име

Банкарски работник зголемувал лимитите на неговата и картичката на сопругата, ќариле над 10.000 евра

Скопјанка тешко повредена, при нагло кочење паднала во автобус