Утрински Весник
Македонија

Вечерва повторно пукање во Арачиново едно лице тешко рането

Img 3216.jpeg

Во пукање кое се случило во Арачиново доцна вечерва, едно лице е тешко рането, потврдува МВР за Инфомакс.
Според информациите од Министерството за внатрешни работи (МВР), инцидентот се случил на 28.08.2024 година околу 21 часот. Во СВР Скопје е пријавено дека непознат напаѓач пукао кон А.И. (24) од село Арачиново, кој претрпел повреди и бил пренесен во комплексот клиники „Мајка Тереза“ за медицинска помош.

МВР потврди дека се преземаат мерки за расчистување на случајот и истрагата е во тек.

Можете да прочитате

Апасиев и Мециновиќ на средба со граѓаните и градоначалникот на Крива Паланка, Митовски: Вмровскиот терор врз градот мора да заврши

Спортска сала, мамограф и патни инвестиции – премиерот Мицкоски најави нови проекти за Делчево и регионот

Филипче: Мицкоски да одговори зошто со законски измени се брише одредбата за уплата на 6% во вториот столб