Утрински Весник
Македонија

Вечерва опожарени три контејнери на Бит Пазар

Вечерва опожарени три контејнери на Бит Пазар

Непознати сторители вечерва опожарија три контејнери лоцирани на булеварот Крсте Мисирков, во близина на Бит Пазар, соопшти Комунална Хигиена.

dobivaj vesti na viber

Ова е трет случај годинава од страна на непознати сторители да бидат опожарени садови за одлагање отпад на истата локација.

Јавното претпријатие апелира да престане уништувањето на контејнерите, за екипите да можат навремено да ги извршуваат своите работни обврски на терен, согласно Оперативната програма за работа.

Сите случаи на опожарување на контејнерите се пријавени до надлежните органи. ЈП Комунална хигиена-Скопје упатува апел до МВР во најкус можен рок да бидат преземени соодветни мерки за да се пронајдат и санкционираат сторителите.

Можете да прочитате

Бубевски: Најостро ги демантирам клеветите на адвокатката Кадриу

СДСМ: ВМРО-ЗНАМ против работниците- одбија Законот за 600 евра плата, сакаат авион за Мицкоски

Зајкова: Со измените на Кривичниот законик се брише одговорноста на функционерите