Утрински Весник
Македонија

Вечерва изгаснат голем пожар кај Ракотинци: Зафатени 10 хектари шума

Img 4532.jpeg
Dik 300x250 mk

Градоначалникот на Општина Сопиште соопшти дека пожарот што денеска околу 14 часот се прошири од Дрисла кон атарот на село Ракотинци, е успешно изгаснат. Огнот зафати околу 10 хектари нискостеблеста и борова шума, предизвикувајќи материјална штета, но, за среќа, нема други сериозни последици.

По добивањето на известувањето, екипи од противпожарното друштво на Општина Сопиште, заедно со Бригадата за противпожарна заштита на Град Скопје, веднаш реагираа и се вклучија во гасењето. Акцијата траеше речиси шест часа, а благодарение на брзата и координирана интервенција, пожарот беше успешно локализиран и спречено е негово понатамошно ширење.


Причините за избувнувањето на пожарот засега остануваат непознати, а надлежните институции работат на нивно утврдување.

„Од име на Општина Сопиште и од мое лично име, изразувам искрена благодарност до сите кои беа вклучени во справувањето со пожарот и вложија големи напори за негово локализирање“, порача градоначалникот.

Можете да прочитате

Кривична пријава за поранешна директорка на училиште во Куманово: Проневерила 130.000 денари

Сообраќајка на обиколницата кај Хиподром, голф излетал од коловозот

СДСМ: Со робусно „извештајче” Европа прати јасен сигнал дека владата е неспособна и антиевропска