Утрински Весник
Македонија

Вечерва голем пожар во магацин во кругот на  „Макстил“ 

Img 3066.jpeg

Вечерва избувна пожар во кругот на индустрискиот комплекс „Макстил“ во Скопје, при што целосно е опожарен магацин кој се користел за обработка на дрво дознава 24инфо.

Благодарение на брзата и навремена интервенција на екипите на Бригадата за противпожарна заштита (БППЗ) на Град Скопје, пожарот бил ставен под контрола и не се проширил на останатите објекти во комплексот.

Засега нема информации за повредени лица, ниту за причините за избувнување на пожарот. На терен интервенирале повеќе противпожарни екипи, кои се бореле со огнената стихија за да спречат поголема материјална штета.

Надлежните служби веќе спроведуваат увид на лице место.

Можете да прочитате

Средба Сиљановска-Давкова – Пленковиќ:  Одличните билатерални односи се засновани на меѓусебна почит и доверба

Левица во посета на кубанската амбасада – Солидарност против империјалистичките притисоци

Македонија и ТУРКСОЈ потпишаа Меморандум за зајакнување на културната соработка