Утрински Весник
Македонија

Вечерва активни се седум пожари низ државата

Pozar 2.webp.webp

Состојбата со пожарите во Македонија до 18 часот е седум активни, два под контрола и шест изгаснати. Така соопштија од Центарот за управување со кризи, во последното известување до јавноста.

Кога се во прашање активните пожари, најголемиот дел се во централните и западните делови од државата:


Општина Василево – с. Нивичино (нискостеблеста шума, смрека, грмушки и ниска вегетација)

Општина Македонски Брод 1 – с. Грешница (мешана шума и сува трева)

Општина Македонски Брод 2 (реактивиран) – помеѓу с. Црешнево, с. Локвица, с. Крапа (деградирана дабова шума, грмушки и ниска вегетација)

Општина Прилеп – помеѓу селата Царевиќ и Смолани (мешана шума и нискостеблеста вегетација)

Општина Струга – помеѓу селата Октиси и Белица (сува трева)

Општина Ресен – с. Покрвеник (трски и сува трева)

Општина Маврово-Ростуше – с. Дуф (ливада)

Како пожари „под контрола“ се водат два. Во Велес, кај селата Џимирци – Крушје – Иванковци и пожарот во Општина Желино, на планината Жеден. Овој пожар е актуелен втор ден бидејќи вчера градоначалникот, а денеска директорот на Дирекцијата за заштита и спасување, излегоа со тврдење дека некој го потпалува.

Пожари кои денеска се изгаснати, според Центарот за управување со кризи, се шест:

Општина Студеничани – с. Студеничани (сува трева)

Општина Крушево – с. Селце (сува трева)

Општина Македонски Брод – с. Слатина, м.в. Стојанова Населба (смрека, сува трева и друга ниска вегетација)

Општина Куманово – Градиште (ниска шума)

Општина Липково – с. Слупчане (стрниште и сува трева)

Општина Ранковце – с. Петралица (ниска вегетација)

Можете да прочитате

Спасувачка мисија на полицискиот хеликоптер во струмичко

Свечено отворен ЕМОФ Скопје 2025 – Над 4.200 спортисти од 50 земји пристигнаа во Македонија

Држава на старци – Владата размислува празните училишта да ги пренамени во старечки домови