Утрински Весник
Македонија

Вечерва 19 часот специјално отворено студио на 4TV од Кочани

Whatsapp image 2026 03 16 at 10.05.45.jpeg

Вечерва со почеток во 19:00 часот, 4TV организира специјално отворено студио посветено на Кочани. Програмата ќе се емитува во живо и ќе донесе повеќе од четири часа разговори, сведоштва и приказни кои досега ретко биле слушнати.

Во емисијата ќе учествуваат повеќе од 20 гости – луѓе кои директно ја живеат приказната на Кочани, оние кои се борат, оние кои изгубиле и оние кои имаат што да кажат за тоа како денес изгледа животот во градот.


Преку искрени разговори и сведоштва, гледачите ќе имаат можност да слушнат што се промени, како се справуваат луѓето со болката и какви пораки испраќаат од Кочани.

Специјалната програма започнува вечерва во 19:00 часот, во живо на 4tv.mk, со отворено студио од Кочани.

Можете да прочитате

Мицкоски од Кочани: Една година подоцна, болката и празнината сè уште се чувствуваат

Српски државјнанин физички ја нападнал својата сопруга во Охрид

Мајка на жртва од „Пулс“ му закачи беџ со скршено срце на Мицкоски во Кочани