Утрински Весник
Свет

Веб-страницата на албанскиот парламент преземена од ирански хакери

Haker.webp.webp

Иранска хакерска група накратко ја презеде веб-страницата на албанскиот парламент. Објавија порака со закани и тврдења дека поседува интерна комуникација на пратениците.

Групата „Татковинска правда“ тврди дека добила пристап до разговорите и преписките на „корумпираните членови на парламентот“ во последните месеци. Во пораката хакерите упатија директни закани кон албанските власти, наведувајќи дека се „многу поблиску отколку што мислат“ и дека „овој срам ќе остане засекогаш“.


Неколку часа по нападот, веб-страницата повторно беше достапна, а институциите не соопштија дополнителни детали за евентуална штета или протекување на податоци.

Нападот се случува во контекст на затегнати односи меѓу Албанија и Иран. Тирана во септември 2022 година ги прекина дипломатските односи со Техеран, обвинувајќи го за масовен кибернапад врз државните институции.

Иранската Исламска револуционерна гарда, според медиумските извештаи, разгледувала можност за напад врз кампот на Народните муџахедини на Иран (МЕК) во Албанија, но портпаролот на организацијата, Шахријар Киа, ги оцени информациите како пропаганда. Кампот Ашраф-3, близу Драч, од 2013 година сместува повеќе од 3.000 членови на МЕК.

Можете да прочитате

Зеленски: Русија се обидува да ја искористи ситуацијата околу Иран за да се извлече од меѓународните санкции

Нетанјаху предупреди дека војната против Иран се уште не е завршена

Германскиот министер евакуиран во бункер