Утрински Весник
Македонија

Вчера удрени двајца пешаци во Скопје, едниот од мотоцикл другиот од автомобил

Soobra a ka.webp.webp

На 22.04.2024 во 20.05 часот во СВР Скопје било пријавено дека на бул.„Партизански одреди” во Скопје мотоцикл „дукати” со скопски регистарски ознаки, управуван од Е.П.(27) од Скопје, удрил во пешакот Н.Ѓ.(30) од с.Рашче, скопско. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил пешакот, додека мотоциклистот се здобил со телесни повреди, констатирани во Комплексот клиники „Мајка Тереза” Скопје. Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје.

На 22.04.2024 во 14.00 часот во СВР Скопје било пријавено дека на ул.„Димитрија Чуповски” во Скопје патничко возило „форд фокус” со скопски регистарски ознаки, управувано од Ј.А.(40) од с.Лозово, велешко, удрило во пешакот И.С.(47) од Струмица. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил пешакот, констатирани во Градска општа болница „Св.Наум Охридски” во Скопје. Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје.

Можете да прочитате

Беџети: СМС-пораките од Собранието само на македонски јазик, албанскиот јазик не е декор

Уапсени двајца насилници, претепале 52-годишник од Охрид и му украле пари и накит

Кривична пријава за демнење во Тетово: 27-годишник следел и снимал девојка