Утрински Весник
Македонија

Вчера од 895 казнети, 67 лица немале возачка, 273 возеле брзо

Policija Stopira Janevska I.jpg
Dik 300x250 mk

На подрачјата на осумте Сектори за внатрешни работи во текот на вчерашниот ден (08.04) полициските службеници во рамки на интензивните сообраќајни контроли издадоа вкупно 895 платни налози, по преземени мерки по основ на Законот за безбедност на сообраќајот на патиштата (ЗБСП) и по основ на Законот за возила (ЗВ).

По однос на изречените прекршочни санкции и натаму најголемиот број изречени прекршоци против возачи се однесуваат на непрописно паркирање 299, а 273 се однесуваат на непочитување на брзината на движење. Потоа следат прекршоците по основ на непоседување на возачка дозвола 67, па прекршоците за некористење на сигурносен појас 54, за користење на мобилен телефон при возење 21, како и 11 прекшоци што ги сториле пешаци.

Во рамки на контролите, во девет случаи евидентирано е минување на возило на црвено светло, 12 возачи управувале возило под дејство на алкохол, а евидентирани се и 17 нерегистирани возила како и седум возила кои што биле технички неисправни согласно ЗВ.

Сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до граѓаните да ги почитуваме сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот и заедно да придонесеме за посигурни патишта.

Можете да прочитате

И на вториот изборен круг во недела безбедноста ќе се следи со дронови

Kумановска платила 2.000 евра за патување, но наместо билет, добила молк од скопска туристичка агенција

Виничанец нападнал полицаец со дрвен предмет во угостителски објект