Утрински Весник
Свет

Ватикан: Папата Франциск и денеска е во критична состојба, поминал мирна ноќ

20250216192319 Big 730x400 75.webp.webp
Cevahir mall aerodrom pulsira vol 4 vfinal 300x300px baner

Папата Франциск, кој и натаму е во критична состојба додека се бори со пневмонија, помина мирна ноќ во болница и се одмора, соопшти Ватикан.

Папата, кој има 88 години, го поминува својот 13-ти ден во болница во Рим, што е најдолг престој во болница за време на неговата 12-годишна служба на чело на Римокатоличката црква.


„Папата имаше мирна ноќ и се одмора“, соопшти Ватикан во една реченица, без да даде дополнителни детали.

Ватикан вчера соопшти дека папата и натаму е во критична состојба четврти ден по ред, но е стабилен и немал нови респираторни проблеми.

Прогнозата, како што беше наведено вчера, останува неизвесна, но „стабилни“ биле и неговите параметри кои ја мерат функцијата на циркулаторниот систем.

Франциск, кој е папа од 2013 година, имаше неколку здравствени проблеми во последните две години.

Тој е склон на белодробни инфекции бидејќи како млад развил плеврит и еден дел од белите дробови му бил хируршки  отстранет. 

Можете да прочитате

Рјабков: Русија и САД разговараа за прашања што предизвикуваат тензии во билатералните односи

Ким и неговата ќерка отвораа хотели

Амазон блокира илјадници пријави за работа сомневајќи се дека апликантите се севернокорејски агенти