Утрински Весник
Свет

Ватикан го исклучува телефонскиот сигнал за време на конклавата

Vatikan.jpg

Ватикан вчера соопшти дека ќе го прекине телефонскиот сигнал за мобилните телефонски мрежи за време на конклавата каде што ќе се избира новиот папа, што нема да се однесува на плоштадот „Свети Петар“.

Ватикан соопшти дека „од среда, 7 мај во 15 часот, сите системи за пренос на телекомуникациски сигнали за мобилни телефони на територијата на државата Ватикан… ќе бидат деактивирани“.


Сигналот повторно ќе биде вклучен по објавувањето на изборот на папата, се наведува во соопштението.

Прекинот на сигналот нема да се однесува на плоштадот „Свети Петар“, изјави портпаролот на Ватикан, Матео Бруни.

Илјадници верници се очекуваат на плоштадот пред базиликата „Свети Петар“, чекајќи го објавувањето на наследникот на папата Франциск, кој почина на 21 април.

Вкупно 133 кардинали под 80 години, кои ќе го изберат новиот папа, пристигнаа во Рим за конклавата што започнува во среда, објави Ватикан претходно вчера.

Во среда во 16:30 часот, кардиналите ќе се соберат во Систинската капела и ќе започнат со гласање, кое ќе трае сè додека еден од нив не добие двотретинско мнозинство и не стане нов лидер на 1,4 милијарди католици во светот, пишуваат француските медиуми.

Највисоките црковни службеници ќе се повлечат во Систинската капела, каде што нема да им биде дозволен контакт со надворешниот свет.

Потребно е двотретинско мнозинство за избор на наследник на Франциск во процес што може да трае со денови или дури недели.

Светот дознава дека папата е избран кога службено лице ќе ги запали гласачките ливчиња претходно натопени со специјални хемикалии, а од оџакот на капелата излезе бел чад. Други хемикалии се користат за создавање на црниот чад што претставува нерешен исход од гласањето. Високо рангираниот кардинал конечно излегува на централниот балкон на базиликата „Свети Петар“ за да објави „Habemus Papam“ (Имаме папа).

Потоа новиот папа се појавува на балконот и ја благословува толпата на плоштадот пред базиликата.

Можете да прочитате

Мерц за шест гласа не успеа да биде избран за канцелар во првиот круг гласање

Поранешната канцеларка Меркел од галерија го набљудува изборот на Мерц во Бундестагот

Трамп: Сојузниците ја слават победата во Втората светска војна што им ја донесовме ние