Утрински Весник
Свет

Вашингтон го предупредувал Киев да се повлече од Бахмут, покажуваат документите на Пентагон

Вашингтон го предупредувал Киев да се повлече од Бахмут, покажуваат документите на Пентагон

Според последните информации што беа обелоденети од Пентагон, Вашингтон ја предупредил Украина дека нејзините војници би можеле да бидат опколени доколку не се повлечат од Бахмут.

dobivaj vesti na viber

САД, наводно, го предупредиле Киев уште од јануари дека украинските сили нема да можат да го задржат клучниот град во Донбас – Бахмут и постојано повикувале на повлекување, објави вчера „Вашингтон пост“, повикувајќи се на разузнавачки документи.

Според „строго доверлива“ проценка до која дојде весникот, Вашингтон му предложил на Киев дека верува дека постојаниот напредок на Русија во регионот од ноември ја загрозил способноста на Украина да ја задржи контролата над Бахмут и дека украинските војници „се изложени на ризик од опкружување доколку не се повлечат следниот месец.”

Сепак, се чини дека овие предупредувања во голема мера биле игнорирани, пишува американскиот весник, а пренесува „Раша тудеј“.
Киев, наводно, верува дека градот не само што има стратешка воена вредност, туку е од клучно значење за одржување на националниот морал и негирање на правото на Русија да прави територијални придобивки.

Битката кај Бахмут се покажа како еден од најинтензивните и најкрвавите конфликти во Украина, при што двете страни наводно претрпеле значителни жртви.

Можете да прочитате

Силна експлозија во фабрика во Шпанија – има загинати и повредени

Русија го подготвува ракетниот систем „Сармат“ за оперативна готовност

На Германија годишно и се потребни 288.000 странски работници