Утрински Весник
Македонија

„Ваш пратеник“ – почна емитувањето на серијалот емисии со пратениците на Собраниски канал

20250904160144 big 730x400 48.webp.webp

Собранискиот канал инфомира дека започнува со емитување на серијалот интервјуа  со пратениците од Собранието на Република Северна Македонија во емисијата „Ваш пратеник“.

Пратениците, како што информираат од собраниската прес-служба, преку своето претставување во емисијата, зборуваат за нивниот личен и професионален развој, средината од каде потекнуваат, почетоците на влезот во политиката, како и за нивните понатамошни заложби во работата на Собранието.


Емисијата „Ваш пратеник“, освен што ги претставува пратениците во прво лице и нивната политичка припадност, истовремено е и осврт кон сработеното и реализираните активности на пратеникот во Собранието (колку предлози на закони има поднесено, учество во дискусии, придонес кон зацврстување на имиџот и транспарентноста на Собранието како претставнички дом и сл.).

Серијалот емисии со пратениците се емитува секој работен ден по редовните термини на вестите на Собраниски канал, во 14:30 и 18:30. За време на викендите, ќе се репризираат емитуваните емисии од тековната недела, по емитувањето на Прегледот на вестите на неделата, во термините во сабота и недела во 12 часот.

www.youtube.com/@sobranienarsm

Можете да прочитате

ВЛЕН:Лагите на Бујар не ја кријат неговата вина

ОДИХР со 14 набљудувачи од утре почнува со следењето на Локалните избори 2025

ДУИ: Дали во февруари 2025 во Општина Куманово имало средба меѓу Изет Меџити и Александар Вулин за српска инвестиција во „Битолска Банка“