Утрински Весник
Свет

Вархељи: Самитот за Западен Балкан се одржува во време на новиот замав на проширувањето

Varhelj.jpg

Инвестицискиот самит за Западен Балкан, организиран од Европската банка за обнова и развој (ЕБОР) во Лондон, се одржува во време на нов замав за проширување на ЕУ кон Западен Балкан и пошироко, изјави европскиот комесар за соседска политика и проширување Оливер Вархељи.

Вархељи, кој лично не присуствуваше на самитот, рече дека во ноември минатата година Европската комисија предложила нов план за раст на Западен Балкан со двојна цел да се поттикне социо-економското приближување на Западен Балкан кон ЕУ и со тоа да се забрза пристапотниот процес во овој регион, соопштија од европските комисии.

-Планот се заснова на четири столба чија цел е приближување на Западен Балкан до единствениот пазар на ЕУ, продлабочување на регионалната економска интеграција, забрзување на фундаменталните реформи и зголемување на финансирањето – посочи тој.

Можете да прочитате

Протест пред Амбасадата на САД во Хавана за укинување на ембаргото за нафта

Трамп ја разреши министерката за правда и државна обвинителка Бонди

Земјите од Персиски Залив бараат одобрување од ОН со сила да ја ослободат Ормуска Теснина за пловидба