Утрински Весник
Спорт

Вардар побара дербито со Пелистер да се игра в недела и „комити“ да дојдат во Битола

Вардар побара дербито со Пелистер да се игра в недела и „комити“ да дојдат во Битола
Dik 300x250 mk

Најтрофејниот македонски фудбалски клуб Вардар побара од раководството на Пелистер да дозволи присуство на навивачката група Комити во Битола, а дербито да се одигра ден подоцна од закажаниот термин, односно в недела.

dobivaj vesti na viber

„Недела ден за дерби! Големото македонско фудбалско дерби е пред нас. Првенствено, веруваме дека управата на ФК Пелистер ќе се согласи и ќе дозволи присуство на нашата навивачка група ‘Комити Запад’. Фудбалот без навивачи на трибините губи многу, затоа веруваме дека одлуката по однос на ова прашање ќе биде позитивна. Дека сме сериозни и искрени во намерата да го вратиме сјајот на големото дерби, потврдува и тоа што уште од сега јавно соопштуваме дека ќе дозволиме присуство на навивачката група ‘Чкембари Битола’ на натпреварот кој овие два тима ќе го одиграат во Скопје.

Воедно, упатуваме важен апел до управата на ФК Пелистер, а тоа е да дерби натпреварот помеѓу ФК Пелистер и ФК Вардар, кој е закажан за оваа сабота (3.12.2022) се одигра ден подоцна, односно в недела (4.12.2022). Навивачите на двата тима тоа го заслужуваат. Ајде заедно да помогнеме да се врати стариот сјај на големото македонско фудбалско дерби.

Како клуб, стоиме на располагање за соработка и помош доколку е потребна, во однос на кој било аспект.

Недела ден за фудбал – навивачите заслужуваат!“, велат од ФК Вардар.

Можете да прочитате

Ѓоковиќ ја освои 101та титула

Марко Трајановски ќе го брани Македонското знаме во Виена, Австрија

Легендарна скокалница од Светскиот куп заминува во историја